Младенците среде свадба заминале: „Танцував со сопругот и осетив дека ми тече плодова вода“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гостите на свадбата од Карла и Дан од Вест Минс останале прилично шокирани кога трудната невеста добила болки среде подиумот.

Имено, на првиот танц нејзе и пукнал водењакот и младенците морале да ги остават гостите и со такси да појдат во болница. Нивната ќерка Јасмин е родена рано наутро.

Фотографија на Dannie Mountford.

„Во еден момент танцував со мојот сопруг, а во друг момент ја раѓав нашата ќерка. Многу бевме изненадени, а тоа нашето венчавање го направи уште поубаво. Додека танцувавме, осетив дека нешти ми течи низ нога. Венчаницата ми ја извадоа дури кога појдов во болницата. Цела бев мокра со плодова вода“ вели Дани.

Фотографија на Carl Mountford.

Младенците околу 22:30 морале да ја напуштат веселбата, а своите гости ги оставиле да танцуваат.

„Не стигнавме ниту да ги почестиме со торта“ вели Дани која брзо после пораѓајот е пуштена дома.