Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје, Лазар Младенов, пред утрешното гласање во македонскиот парламент за уставните промени за имплементација на договорот со Грција со цел отпочнување на процедурата за присоединување на Македонија со ЕУ и НАТО, на својот профил на фејсбук го напиша следниов статус:
Подземните игри на некои политички кругови во Софија никако да престанат. Истурањето вода под Македонската рогозина може и ним да им го натопи задникот, но тие не покажуваат грижа за тоа. Коктериањето со про-руските протежеа на Македонскиот претседател, не е само чекор против Македонија, тоа е и чин на предавство спрема Бугарија и нејзините национални интереси. Играњето во полза на каузата, Македонија да остане во моменталната состојба, го следиме со големо внимание. Немојте да мислите дека немаме информации. И немојте кон нас да се однесувате како макеа, преземете си ја улогата на мајка, ама сосема сериозно. Овој момент нема повеќе да има репризи. Одговорноста е и ваша. Поразот ќе биде и ваш, ако се случи, порачува тој.
Затоа, преземете си ја улогата која ви доликува и удрете ги по рамо вашите скопски пријатели од македонскиот парламент, специјално од ДПМНЕ, утре да си ја завршат работата во полза и ЗА Македонија, специјално тие со бугарско државјанство. Во случај да бидат ПРОТИВ, бараме од вас да подигнете процедура за одземање на истот. Не може некој да ги користи благодетите на Европа преку бугарско државјанство, а да работи против интересите на Македонија да дојде до тие бенефити.
И сосема на крајот, колку и да мисли некој дека е некултурно, ние си кажуваме, доаѓаат и вашите избори и тогаш можеби нашиот глас нема да тежи многу, но нашата дума секако!“
Извор: Делчеводенес.мк