Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Почитувани,
Ве известуваме дека на 7.10.2017 повторно го закажуваме омилениот урбан културен настан БЕЛА НОЌ 2017. Младинскиот културен центар и Градот Скопје, распишаа ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на уметници
што на есен ќе бидат дел од ова целодневно културно будење на Скопје.
Годинава, како и секоја „Бела ноќ“, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видео арт и инсталации), музика, филм и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.
Селекцијата на уметниците ќе биде направена од страна на организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основ на поднесените апликации. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Додатно, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со било кои инструменти или техники.
Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:
– биографија со личните податоци за уметникот или групата
– фотографии, скици и цртежи
– промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти… пополнета и потпишана апликација (во продолжение)
Апликациските форми (може да се најдат на официјалната интернет страница www.belanok.mk) заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 1 MAJ 2017 година, на следниве
адреси:
Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2017),
Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје,
Македонија
или по пат на електронска пошта на [email protected].