Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите до кои дошоил и ги пренесува порталот Мкд.мк, Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи завчера, кога беа апсени Боки 13 и Зоки Кичеец, а Катица Јанева си даде оставка од функцијата во СЈО, имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка во зградата на СЈО. Што се случило после во канцелариите на СЈО и зошто не дошло до планираното приведување на дозавчера првиот човек на ова обвинителство?
Според изворите на Мкд.мк од кои ги има добиено информациите, како што пренесува порталот,, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанва се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај, тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.
После ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева е одземен.
Според сѐ уште непотврдени информации, целиот случај всушност се однесува на изнудување на пари за реклами на 1ТВ од македонски бизнисмени со закани дека за нивното деловно работење или приватен живот во СЈО имаат снимки. А тие снимки ги поседувал и Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ кој ветувал бришење на снимките и на можните обвиненија со помош на Катица Јанева. Наводно, досега на овој начин биле собрани околу 5 милиони евра од бизнисмени кои биле замешани во дел од случаите на СЈО.
Но, еден од нив, ја расипал оваа шема. Со помош на бугарски специјални служби, тој снимил неколку од водените разговори со Јовановски. На тие снимки отворено се бараат пари, а потоа дел од нив и се исплаќаат. Овие снимки од службите на соседот, меѓу другите, му биле предадени дури и на премиерот Заев. По овој безизлез и притисокот од порталот Плусинфо со написите за Кики, Коки, Фрики…, клопчето почна да се одмотува.
Информациите пренесени тука се првично објавени и изнесени од порталот МКД.МК