МК од регистарските таблички, за жал, оди во историјата – еве до кој датум сите мора да ги заменат регистрациите со ознака NMK


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12 февруари 2024 година, мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ (Macedonia – Македонија) со ознаката „NMK“ (North Macedonia – Северна Македонија). Измените важат и за оние таблички кои се постари, кои имаат три бројки на табличките и кои немаат „МК“ на табличките. Значи, измените ќе важат за сите возила.

„Согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година“, стои во соопштението на МВР.