Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Mitsubishi го објави „тизерот“ од рекламната кампања за својот нов концепт кој ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Токио оваа година.
Концептот e-Evolution го најавува новиот модел кој ќе биде самиот врв на понудата од Mitsubishi, а замислен е како автомобил со врвни перформанси и електричен погон на сите четири тркала. Автомобилот ќе биде SUV-купе опремен со напредна технологија за вештачка интелигенција, што веројатно ќе се однесува на можноста за автономно упревување.
Рачките на вратите се затскриени, додека страничните конвенционални ретровизори се заменети со камери, со што моделот добива на елеганција во изгледот. На задната страна се наоѓа „спојлер“ и моќни LED светла со графика која потсетува на бумеранг со три острици.
Се поставува прашањето дали користењето на зборот Evolutioin во името за концептот има врска со најавата од Mitsubishi дека новиот Evo модел не мора да биде седан. Еден од шефовите на компанијата, Тревор Ман, навести дека истиот би можел да биде SUV.
Моделот во сериско производство ќе се појави во 2023 година.