Актуелно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати во собранието се додека не се создаде демократски амбиент


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се вратат во пратеничките клупи. Од партијата велат дека во законодавниот дом нема демократски амбиент, јавува Сител.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираат Собранието по притворањето на триесетина лица меѓу кои и 6мина пратеници за настаните од 27 април. Бојкотот е ситуација која Мицковски го пречека со самото преземање на партијата и која резултираше со неколку излети на пратеници надвор од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од денеска, надвор од опозициската коалиција е и пратеникот на Демократската партија на Турците а пред него заминаа и пратениците на ГРОМ и на сојузот на ромите. Сепак, Мицкоски и денеска вели дека пратеничката група е компактна и дека се работи на внатрешни реформи кои треба да обезбедат поголема функционалност и побрзо враќање на власт. Сител веќе објави дека во таа насока ќе бидат и кадровските реформи кои се очекува да почнат пред крајот на неделата за кога се очекува да биде избран и нов Извршен комитет.

За СДСМ тврдењата за недостаток на демократија во Собранието се неосновани

– ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред интересите на граѓаните и државата и конструктивно да се вклучи во реформските процеси што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, што истовремено е врвен државен и национален интерес, стои во писменото соопштение на владејачката партија

Бојкотот на Собранието е добро познат декор на македонската политичка сцена. Токму СДСМ ги држи сите рекорди во користењето на овој механизам. Сегашната власт, додека беше во опозиција во просек објавуваше бојкот на Собранието по 2 пати годишно.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top