Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На митигнот во Битола, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврдеше дека на средба со премиерот Зоран Заев добил понуда за пет министерски места за ВМРО-ДПМНЕ само да го прифатат Преспанскиот договор и уставните измени за промена на името.
„После 5 часа ми рече, ајде еве ти влези во владата и бирај кои сакаш 5 министерства само прифати го договорот“, изјави во Битола, Христијан Мицкоски зборувајки за средба со премиерот Зоиран Заев, на која, како што вели, му било нудено да влезе во Влада за да гласаат за уставните измени. Мицкоски рече дека му одговорил дека има образ и достоинство и дека тоа нема цена.
„Ова не го работам ниту за пари ниту за моќ, не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава и твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, затоа не го лажи народот и кажи ја вистината. Нудеше и те одбивме затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата, затоа што ја одбравме страната на народот од прв ден до последен ден денешен , така ќе биде и во иднина, рече Мицкоски.
Тој побара техничка Влада веднаш после претседателските и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен.Од битолчани побара поддршка за Гордана Силјановска Давкова.