Мицкоски покажа лидерство и порача: Бараме предвремени избори!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот митинг на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под водство на новиот партиски претседател Христијан Мицкоски беше масовен и народот испрати силна порака до власта.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски доби поддршка од сите градови ширум Македонија и огромен број на граѓани заедно со него порачаа дека бараат оставка од премиерот и заедно побараа предвремени избори.

Мицкоски испрати моќни пораки кои беа проследени со огромни аплаузи и овации од присутните. Со ова покажа исклучително лидерство иако на чело на партијата е само 5 ипол месеци.

По синоќешниот масовен протест, веќе ништо нема да биде како порано. Владата на Заев го загуби кредибилитетот, соочена со народот кој гласно се спротивставува на погубните политики.

„Ќе ви кажам нешто- влегов во политиката затоа што ми е важна Македонија, иднината на моите граѓани и нашите деца. И за мене достоинството и честа градена со години нема цена, а нема цена затоа што чистиот образ е огледалото по која треба да се препознае една личност… Сакам во оваа прилика да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име. Од ова појасен став нема! Историјата ќе суди кој бил во право“, порача Мицкоски.

Мицкоски на крајот го цитираше и Гоце Делчев: „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“.