Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа побара амнестија за сите вклучени во нередите од 27. април минатата година, на денешната прес конференција, портпаролот во Владата, Миле Бошњаковски посочи дека изминатата недела во Собранието се стави акцент токму на термините помирување и национално обединување.
„Македонија е правна држава, тоа што следува е да видиме како во рамки на Собранието ќе започне процесот на помирување во однос на настаните од 27 април. Ќе видиме што ќе се случува во Собранието“, истакна Бошњаковски.
Портпаролот избегна да коментира дневно политички состојби, како онаа по изјавата на Александар Николовски кој посочи дека од сега ќе владее новата криминална банда сочинета од Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.
Во врска со нацрт амандманите за уставните измени, портпаролот на Владата рече дека се работи интензивно на нив и дека Владата се уште нема датум кога ќе бидат доставени во Собранието.