Мицкоски од Штип: „Вистински лидер клечи пред своите следбеници за нивната доверба“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот, неговите следбеници и следбениците на идејата да го видат на колена. Но јас имам еден одговор на тоа, ако претседателот и лидерот не клекне пред луѓето кои што ја следат каузата и идејата за Република Македонија и за независна Република Македонија тогаш не ја заслужува нивната доверба. Ви се поклонувам на сите, да сте ми здрави и живи! И да победиме што е можно поскоро!“ рече меѓудругото претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на протестниот марш во Штип.

Тоа рече дека „Прво ни го вложија името со времената референца, па го вложија државното знаме, па дојде на ред новата територијалната поделба, па сега од нас бараат да вложиме се што ни преостана и на што недвојбено полагаме на тоа суверено право: Уставот, идентитетот, името, нашите сонародници од соседните држави. Влогот е се поголем и поголем, а тоа нивно подобро утре никако нема да дојде, брутална лага, дрскост и ароганција“.

„Илузијата која мислат дека успешно ни ја продаваат, како и на многу наврати во минато, силно ќе им се удри во глава. Никој не сака криминалци и лажговци. Никој не толерира такво поведение, а најмалку сојузите каде што се стремиме“ – рече Мицкоски.