Мицкоски не открива дали ќе излезе на гласање за референдумот или не


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на гостувањето во „Топ тема“ на Телма, уште еднаш повтори дека најголемата опозициска партија ги советува граѓаните сами да одлучат како ќе постапат во однос на референдумот.

Референдумското прашање, тврди Мицкоски, е повеќезначајно и ги доведува во заблуда. Ако прашањето било само за тоа дали се прифаќа договорот или не, тој рече дека тогаш ќе излезел и ќе повикал да се гласа „против”.

Но, дали ќе гласа на референдумот тој рече дека ќе треба да се почека до 30 септември, за јавноста да го види ставот на Христијан Мицкоски, кој е лидер на најголемата опозициска партија, односно дали ќе излезе да гласа или не.

Прашан која е одговорност што ја сноси тој како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, тој избегна да одговори конкретно на прашањето.

Тој повтори и дека ако референдумот е успешен, паријата ќе го поддржи тоа односно ќе ја почитува волјата на граѓаните.