Мицкоски: Наместо борба против криминалот, Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По повод последните случувања, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини власта дека го забошотува случајот Рекет и дека наместо да се бори со криминалот, се занимава со тужби против новинари и медиуми.

„Наместо борба против криминалот, гледаме дека Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми, а Македонија продолжува тоне. Додека Фрики, Кики, Шеки глумат навредени од вистината, а нивни блиски најавуваат апсења, колку да потврдат уште еднаш дека криминалниот октопод е разнишан и некако мора да се брани, вистинските прашања остануваат неодговорени. На пример Рускоска да одговори дали информациите кои се темелат на записникот кој го објавија медиумите се вистинити? Ако се вистинити тогаш дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет? Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот? Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра? Зарем некој верува дека Јанева која се сомничи дека ја завршила главната работа во случајот Рекет, во кој се обиделе да изнудат 8 милиони евра, завршила со корист изразена во мебел од 5 илјади евра? Зошто за премиерот и неговата свита медиумите се непријатели и ги тужат, а не велат ништо на пример за сопругот на еден нивен функционер кој така лаконски најавува апсења во стилот “државата тоа сум јас”? Зошто на премиерот Заев му сметаат вестите поврзани за Рекет во медиумите, а на пример не му сметаат невистините кои ги кажуваат секојдневно на прес конференции од неговата партија, оцрнуваат луѓе, конструираат, манипулираат“, пишува Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

„Сите овие напади ја навредуваат интелегенцијата на народот. И додека ова се случува тонењето на земјата нема крај. Нема ниту еден Македонски универзитет во 1000 најдобри во Светот. Одговорот на младите на крими куфер политиката е подготвен куфер за одење надвор и напуштање на земјава. Дојдовме дотаму за пензионерите да има само 36 денари повисока пензија, а за главата на октоподот 1 милион евра куфер полн пари да бидат малку затоа што криминалци има многу па треба и многу куфери за да тие станат среќни. Македонија падна на листата на Financial Times, нема инвестиции, земјоделците се незадоволни, сиромаштијата расте…

Овој воз на власта има карта во еден правец и нема назад. Обновата доаѓа и не само обнова на разрушеното, туку обнова на вредности и принципи, на идеја, идеологија и верување. Зошто само така Македонија ќе оди вистински напред.

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност“, пишува Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1304236939751762