Мицкоски најави дека ќе предложи нов човек за технички министер за внатрешни работи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првиот човек на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека ќе го повлече предлогот полковникот Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во влада која што ќе ги организира изборите на 12-ти април и ќе даде ново име за таа функција.

Мицкоски ова го објави на конференција за медиумите која што ја одржа денес.

Името на новиот кандидат не го откри, вели попладнево ќе се чуе телефонски со премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и првично ним ќе им каже името на идниот министер за внатрешни.

Ковачки беше оспорен од власта поради членот 97 од Уставот кој што вели дека овластено лице не може да биде министер за внатрешни доколку најмалку три години не бил цивилно лице