Мицкоски изјави: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ бидејќи таа партија победила кај Македонците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри што разговарале со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на нивната средба.

„Со Ахмети имавме едночасовна средба и ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ, затоа што таа партија победила кај Македонците. Ахмети е човек кој има соодветно искуство и му посакав среќа во преговорите. Ние ќе направиме коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптоваруваме граѓаните со нашите фрустрации. Се водат разговори, бидете трпеливи“, истакна Мицкоски.