Мицкоски го смени името: „За подобра Македонија“ стана „За обнова на Македонија“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Коалицијата предводена од моментално најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, „За подобра Македонија“ стана „За обнова на Македонија“, бидејќи како што изјави претседателот на партијата, Христијан Мицковски, на државата и е потребна обнова после тригосишното владеење на СДСМ. Ова едногласно го прифатиле сите коалициони партии со кои Мицковски синоќа имаше средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Македонија и’ е потребна обнова после овој арамилук кој се случува трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме расчистување со сите криминали кои се провлекуваа во минатото и реформи во многу сегменти меѓу кои бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, нула толеранција за криминалот, а потоа како секундарен приоритет економски бум. Тоа ќе бидат столбовите на кои ќе се темели новата предизборна кампања“, изјави Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е исклучена можноста и од проширување на коалицијата со нови политички субјекти. Мицковски најави дека имаат разговори и со други партии.

-Имаме комуникација со други политички партии за да се приклучат на коалицијата, дел од нив беа вчера на средба со Заев. Разговараме и со претставниците на албанските партии, дали ќе има предизборна или постизборна коалиција се’ уште нема заклучок, вели Мицковски.

Вчерашната средба со коалиционите партнери е ден по лидерската кај Пендаровски на која беше утврдено дека на 12 април договдина ќе има предвремени парламентарни избори. Освен за преименувањето на коалицијата, партиите разговарале и за технички аспекти поврзани со изборите. За средбата на ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери реагираа и од СДСМ. –

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ после години посветени на ширење на поделби, омраза и национализам денес да зборуваат за подготвеност за вклучување на други партии во коалицијата, вклучително и албански, велат од СДСМ.