Мицкоски со честитка по повод Божиќ: Да се стави крај на омразата и да постои натпревар во правење на добри дела за граѓаните


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и до сите православни верници по повод празникот Рожденство Христово Божиќ.

-Ваше Блаженство, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници од Македонија и дијаспората да го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ. Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сила и да ги надвладееме искушенијата и суетите, зошто Божиќ е празник на мирот, празник на слогата и единството. Да се победат предрасудите, да бидеме човечни и хумани, праведни и солидарни, а заемното помагање и почитување треба да биде наша водилка, наш белег и заедничка заложба, стои во честитката и се додава:

„Единството, разбирањето и почитта треба да се дел од секоја наша одлука, нашата држава да оди напред и да не заглавува во лавиринтот на одмаздата и реваншизмот, работи кои не враќаат назад, создаваат немир и поделби. Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот, потребен е разум и меѓусебно почитување, да постои натпревар во правење на добри дела за граѓаните. Бог нека биде со нас во секој момент во животот, при секоја среќа, радост, тага или болка. Нека Бог биде со Македонија, за заеднички да напредуваме и да се радуваме.

Нека е честит и вековит големиот христијански празник – Божиќ, посака Мицкоски.