Home Актуелно Митрополитот Космас кој јавно тврдеше дека Бог го штити од коронавирусот почина од Ковид-19

Митрополитот Космас кој јавно тврдеше дека Бог го штити од коронавирусот почина од Ковид-19

Грчкиот митрополит Космас од округ Етолија-Акарнанија, кој беше еден од најгласните и најотворени противници на вакцинирањето против Ковид-19, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега.

Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи носење маска. За време на една богослужба минатата година, тој ги нападна сите оние кои не сакаа да влегуваат во преполни цркви, нарекувајќи ги неверници.

„Господ не дозволува да се заразите. Господ не заразува! Ова е свето место, храмот е небесен“, кажа тој.

Космас лани бил повикан од Светиот синод да објасни зошто не ја почитува едногласната одлука на Грчката православна црква во врска со коронамерките за време на Велигден. Седумдесет и петгодишната сестра на Космас, која исто така не била вакцинирана, почина од ковид-19 минатиот месец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…