Митови во кои сите веруваме, а не се вистинити

mitovi-vistini

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Многу често слушаме како тоа не е добро да седиме близу до ТВ екранот. Или тоа дека слабите луѓе имаат брз метаболизам. Во прилог следат најпознатите митови во кои често веруваме.

Мит: Емоциите ве спречуваат да бидите логични.

emotions

Факт: Во отсуство на емоција, нема да можевте да донесувате одлуки. Мозокот емоциите ги користи со цел да нe поштеди од последиците на нашите одлуки. Пациентите кои на каков било начин им е оштетен орбитофронталниот кортекс, често се рационални, но не можат да донесуваат одлуки. Ова се случува затоа што немаат емоции кои би ги довеле во правилна насока.

Мит: Ако сте многу блиску до телевизискиот екран, ќе го оштетите видот.

tv-ekran

Факт: Само затоа што ви го кажуваа во дотството, не значи дека е вистина. Исто како што и многу мислат дека промајата ќе ве убие. Во врска со овај мит нема потврдени истражувања. Она што сигирно го знаеме е дека гледањето подогло време во ТВ екранот, ќе ви ги иритира очите. Но тоа е затоа што сме фокусирани на содржината и забораваме да трепкаме.

Мит: Срцевиот удар боли.
infarkt

Факт: Некои срцеви удари може да не се осетат. Некои срцеви удари може да се налик на болка во желудникот или напад на паника. Некои истражувања покажуваат дека од 40 до 60 проценти од срцевите удари не се забележуваат.

Мит: Луѓето имаат 5 сетила.

setila

Факт: Ги има околу 15. Научниците сеуште не се сигурни за тоа колку точно ги има, но никој не тврди дека има само 5 сетила. Некој генерален став е дека имаме помеѓу 14 и 20 сетила. Во нив спаѓаат сетилата за ориентација во простор, чувство за време и слични.

Мит: Две глави размислуваат подобро од една.
glup-poglup

Факт: Тоа би било вистина ако сме роботи. Кај луѓето заедничкото размислување доведува до сигурна смрт на креативноста. Причина за тоа е што луѓето настојуваат да се вклопат во зависност од ситуацијата. И на тој начин стравот од тоа да не се вклопиме во опкружувањето го победува логичното размислување.

Мит: Поголем дел од топлината ја губиме преку темето.
hipotermija

Факт: Не само на темето, топлина губиме преку цело тело. Покривањето на еден дел од телото има исто влијание како и кој било друг дел. Овај мит настана уште во педесеттите години, благодарение на американската војска. Во текот на истражувањето на испитаниците заборавиле да им дадат капи, па така се испоставило дека најмногу топлина губиме преку главата.

Мит: Ноктите и косата продолжуваат да растат и после смртта.
nokti-posle-smrt

Факт: Не. Како и за се останато на вашето тело, така и за ноктите и косата треба постојан прилив на нутритиенти. Митот веројатно е настанат затоа што после смртта, телото се суши а кожата се собира. Па затоа ноктите изгледаат подолги.

Мит: Здравите стомачни изгледаат како кај ликовите од филмовите.

abs

Факт: Не баш. Нормално, изгледаат многу подобро од запуштени стомачни мускули, но не се индикатор за здравјето. Во некои случаи можат дури да бидат и опасни по здравје, затоа што за да ги добиете мора драстично да ја намалите телесната маст.

Мит: Омега 3 масните киселини се добри за мозокот.
imunitet

Факт: Нема докази кои тоа го потврдуваат. Идејата за тоа деа Омега 3 мастите  се добри за мозокот, доаѓа од тоа што сам по себе има многу Омега 3. Но конкретни докази не постојат.

Мит: Одредени игри може да ви го подобрат памтењето, фокусот или брзината на размислување.

memorija-igra

Факт: Поради такви игри стануваме подобри во ист вид на игри. Голем дел од истражувањата покажуваат дека ваквите игри имаат еден позитивен резултат – станувате се подобри во играњето игри.

Мит: Јакиот имунитет е одличен во борба против настинката.

jak-imunitet

Факт: Настинката настанува како резултат на одбрана на вашиот имунолошки систем. Симптомите најчесто ги предизвикува имунитетот, а не вирусот.

Мит: Некои луѓе имаат “мозок за математика”.

matematika

Факт: Во мозокот не постои “центар за математика”. Вистина е дека одреден процент од вашата интелигенција ја добивате преку гените, но не постои дел од мозокот кој ве прави добри со бројките. Се се сведува на тоа дека некои луѓе трошат повеќе ментална енергија на решавање задачи.

Мит: Здравите заби, се бели заби.

jaki zabi

Факт: Природна боја на забите е жолта. Тоа не го менува фактот дека подобро изгледаат белите заби, но нема врска со здравјето. Во голема мера избелувањето на забите може да биде лошо за здравјето.

Мит: Слабите луѓе имаат брз метаболизам.

debeli-lugje

Факт: Напротив, обратно. Екипа од клиниката Mayo дошла до заклучок дека слабите луѓе имаат поспор метаболизам, за разлика од дебелите луѓе. На тешкото тело му треба побрз метаболизам за движење. Па затоа, за следен пат најдете некое друго оправдување за вишокот килограми. Како на пример тешки коски?