Митови и факти за стомачните мускули – што е вистина, а што заблуда


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Посветеното практикување на стомачни вежби резултира со зацврстување и одлично дефинирање на стомачните мускули – сон на повеќето фитнес зависници, како мажи, така и жени. Дисциплината и правилниот начин на вежбање во овој случај се фактори кои се од огромно значење.

Поради тренд статусот кој во современото доба го имаат фитнес праксите, оние кои ги практикуваат, во обид да дојдат до добри и коректни совети за вежбање и практикување на таквите вежби, се соочуваат со море од информации, факти, митови и невистини на интернетот. Поради тоа, добро е да има кој да ви разграничи што е што за стомачните мускули и нивното развивање.

Фитнес експертите ги разбиваат најпопуларните митови за стомачните мускули:

МИТ: Напорно вежбање за дефинирање на стомачните мускули

Факт од фитнес експерт: Интензитетот на вежбање треба да се менува. Ако сакате да го намалите интензитетот, правете повеќе повторувања на истата вежба, а кога правите помалку повторувања, тогаш нека бидат интензивни. На овој начин оптимално ќе заздравуваат мускулите од еден до друг тренинг и ќе постигнете одржливост на вашиот режим на вежбање. За да формирате дефинирани мускули мора да се чувате од прегревање, повреди и регресија на вежбањето.

МИТ: Поврзаноста на срцевата работа со фитнес нивото на телото

Факт од фитнес експерт: Може да го одредите интензитетот со кој треба да вежбате со одредување на максималниот број на отчукувања на срцето во минута (HR). Генерално, тој број е 220 минус вашата возраст. Со умерено вежбање тој број би изнесувал 50 до 75% од тоа. Сепак, ова е генерално пресметување. Паметно е да вежбате со HR монитор или HR трекер и ќе можете да го одредите интензитетот на вашите тренинзи.

МИТ: Дефинирани стомачни мускули можат да се добијат со вежбање два до три пати неделно

Факт од фитнес експерт: Ако сакате да изгледате како професионален спортист или фитнес тренер, видете како живеат тие, велат експертите. Што значи тоа? Доволно одмор, здрава исхрана, редовно вежбање со различен интензитет (правилно загревање, редовен тренинг, спортови, масажи, истегнување), како и правилно и навремено одмарање.

МИТ: За дефинирани мускули треба да правите само стомачни вежби

Факт од фитнес експерт: Нема дефиниран стомак без цврсти централни мускули (core muscles). Експертите нагласуваат дека не треба да заборавате дека стомачните мускули се само дел од целата група мускули на торзото кои функционираат заедно и „си помагаат“ едни на други. Покрај тоа што ќе согорите повеќе калории, ова значи дека и целото тело ќе ви биде поздраво и позатегнато.

МИТ: Дефинираните стомачни мускули се 80% исхрана, 20% вежбање

Факт од фитнес експерт: Математиката е малку покомплицирана по ова прашање. Ако мислите дека едното е поважно од другото, сте ја промашиле целта. Се работи за 100% исхрана, 100% дисциплинирано вежбање, но 100% справување со стресот и 100% грижа за заздравување на телото по вежбање. И да не забораваме, нагласуваат експертите, дека голем дел од луѓето си мислат дека се на вистинска исхрана за билдање мускули, а за многу работи се во заблуда. Исто така, треба да се има на ум дека треба да се продолжи со здравиот начин на исхрана и редовно вежбање за да се одржат тие мускули.

МИТ: No pain, no gain

Факт од фитнес експерт: Не ја игнорирајте болката! Познатото мото „No pain, no gain“ е сфатено многу погрешно и тоа најчесто од луѓе кои се форсираат и си прават поголема штета отколку корист со премногу интензивно или погрешно вежбање. Болка во мускулите после напорен тренинг е едно, но болка што ќе ве „пресече“ додека вежбате или болка што не престанува 48 часа по последното вежбање е веќе нешто што треба да го сфатите сериозно. Дајте му на телото доволно време да закрепне по вежбањето и не се форсирајте. Само бидете доследни и дисциплинирани.