Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради револтираноста предизвикана од митото, корупцијата и нетранспарентноста на факултетите и фактултетските кадри, каде за да добиеш оценка или потпис во индекс, мора да купуваш авторски книги од професорите, тетовските студенти преку протест го креенаа својот глас.
Од тетовскиот плоштад упатија 14 барања, кои како што рекоа веќе се испратени до Министерствотото за образование, владата и универзитетите.
Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот.Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните.Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите, изјавија студентите.
Дел од студентите обвинија и за партизација во универзитетите, но и дискриминација на студентките, кои како што рекоа за преодна оценка биле условувани од професорите. Велат дека поради страв но и обесхрабрени од непреземањето мерки од страна на првите луѓе на универзитетите, ваквите незаконски и неморални појави ретко ги пријавувале.
На протестот насловен – „Протестират“ со студентите учествуваа студентите од Тетовскиот универзитет, Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот Мајка Тереза. Најавија дека протестите ќе продолжат, се додека не започнат да се исполнуваат нивните барања. Денешниот протест се организираше и беше најавен преку социјалните мреже, само неколку дена по студентските протести во Албанија.
Извор: Телма