Актуелно

Митко Чавков: Ги спасував животите на пратениците!


Денес во судот се сослушани дел од обвинетите за „крвавиот четврток“, а меѓу нив е и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

„Цел работен век го поминав во МВР. Чесно, совесно и професионално сум ги извршувал задачите. Предметот е апсурден“ рече поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков пред судиите.

„Директно раководев со акцијата на 27 април. Дадов придонес да се спасат животите на пратениците. Незаконски ме лишија од слобода.
Одлуката за апсење беше донесена во мај, а спроведена во ноември. Невин сум“ додаде Чавков.

Тој нагласи дека не го интересираат кои се сведоците.

„Јас знам што сум правел. Целиот процес е документиран. Има еден метар документација за тој ден, ги има сите мои наредби од тој ден. Тие наредби биле експлицитни, да се спроведе акција“ рече пред тричлениот судиски совет, поранешниот министер за внатрешни работи.

Чавков им рече на судиите дека верува во нив.

„Се вулгаризира правото. Какво дело да повторам? Какво влијание врз сведоци? Полициската работа не е црно-бело“ рече тој.

Чавков рече дека не познава никој од осомничените, освен неколку полицајци и дека цели 30 години работел за безбедноста на државата.

Адвокатот на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, Сашо Дуковски, на денешното рочиште, рече дека Чавков има преживеано инфаркт и мора да се движи дневно по 10 километри и да прима посебна храна. Тој нагласи дека станува збор за човек докторанд.

Вишото јавно обвинителство смета дека притворот за Чавков треба да остане. Дилавер Бектеши од Вишото јавно обвинителство, смета дека притворот за Чавков треба да остане, зошто тој може да влијае врз сведоци и останати лица.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top