Мистериозната пирамида која отвора многу прашања


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Средниот век Перу била територија на која владеело царството на Инките, а нивни главен град бил Куско, кој и денес брои околу 300.000 жители. Инките ја загубиле војната со шпанските освојувачи во 1541 година, а Перу станува една од најважните шпански колонии, чие злато и сребро од Андите го богати шпанското царство.

Цивилизацијата на Инките и денес го воодушевува човештвото, па така, во 1960 година во долината Напена беше пронајдена пирамидата која беше наречена Вулканот (El Vulcano), поради својот облик, на која, од воздух, се гледа дури и кратерот. Самата пирамида е висока 15 и пол метри.

Според студиите кои се објавени во списанието Antiquity, а под водство на професорот Роберт Бенфер од универзитетот Мисури, тим од научници ископа дупка во самиот кратер од пирамидата и пронајде скалила во руинирана состојба, на чие дно беа пронајдени јаглен и школки, а самите скалила водеа до една просторија.

Научниците сметаа дека е можно пронајдените остатоци да се користени за време на ритуални обреди, но и понатаму не е разјаснето поради што пирамидата има форма на вулкан, бидејќи во тоа подрачје воопшто нема вулкани. Се претпоставуѕва дека пирамидата потекнува од периодот помеѓу 900 и 200 година пред нашата ера, бидејќи во тоа време се започнува со изградба на градби кои се користеле за обреди.