Мистериозна средба: Трамп и Канје Вест се состанаа во Trump Tower


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во вторникот во Trump Tower во Њујорк се состана со раперот и дизајнер Канје Вест, пренесува Hollywood Reporter.

Канје при доаѓањето на местото на состанакот на одговарал на прашањата на новинарите зошто се состанува со Трамп. Поминувајќи низ лобито на Trump Tower, Канје насобраните ги поздравил со воздржан поздрав и позирал за фотографиите.

14-12-trump-kanye-sredba1

„Само сме пријатели. Само сме пријатели“ – рекол Трамп кога во друштво на Канје, кој неодамна е пуштен од болницата во која поради психички проблеми (доби нервен слом, страдаше од исцрпеност и несоница) беше три дена, излегол од лифтот пред насобраните новинари.

14-12-trump-kanye-sredba2

„Разговаравме за животот“ – додал Трамп при разделувањето од Канје и му рекол „да се чува и дека ќе се видат наскоро“, пренесе ABC.