Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните моменти од животот на холандската манекенка Ивана Смит (18), пред да биде пронајдена мртва откако паднала од тераса во Куала Лумпур, биле снимени на сигурносните камери во објектот под во чие подножје нејзиното тело беше најдено мртво и целосно голо.
На видеото може да се види како американскиот трговец со криптовалути Александар Џонсон ја носи, додека покрај него е неговата сопруга Луна. Се верува дека во нивниот стан биле организирани свингерски журки со наркотици. Телото на Смит беше пронајдено под терасата од нивниот стан на 14. кат.
Полицијата смртта ја карактеризираше како инцидент по консумирање дрога и алкохол, но поранешниот британски полицаец кој го истражува случајот изрази сомнежи дека Смит била мртва и пред да падне од терасата.
Приватниот детектив, Марк Вилијамс-Томас изјави дека доколку смрта се случела на британско тло, полицијата би ко третирала инциентот како убиство, а холандскиот коронер Франк ван де Гут, кој направи две обдукции на телото, наведува дека малата количина на крв на местото каде што беше падната манекенката сугерира дека таа веќе била мртва.
– Воопшто не се сомневам, благодарение на доказите кои ги собрав оваа недела, како и други информации кои стигнаа од форензичарите, можам јасно да кажам дека целиот случај би бил третиран како убиство доколку се случеше во Велика Британија, изјави Вилијамс-Томас.
Таткото на Ивана изјави дека полицијата премногу брзо се откажала од истрагата и дека соседите слушнале викање и расправија. Тој додава дека му кажале оти брачниот пар Џонсон биле свингери кои имале обичај да носат млади модели во својата собра на журки и секс игри.
Видеото кое што е објавено го покажува Александар Џонсон како ја носи Ивана во лифт, а неговата сопруга Луна оди позади нив. Според времето, се верува дека тоа се случило на 6 декември во 5 часот и 20 минути.
Во лифтот со нив има уште три лица чии идентитет е непознат, но се гледа дека Александар има два мобилни телефони во него, а Луна и тинејџерката по еден.
– Ова е вознемирувачко. Не знам зошто ја носат. Сакам да поставам прашања и да откријам што се случило. Мислам дека Ивана се чувствувала сигурно бидејќи и неговата сопруга била тука. Не го знаела пред таа вечер, а сакаше да биде во центарот на вниманието, изјави вујкото на Ивана, Фред Агењо Веинхолд.
Во изјавата во полиција сопружниците Џонсон изјавија дека се вратиле во својот стан со Ивана и дека таа заспала на каучот, а тие отишле во кревет. Луна додала дека во 8 часот ја однела својата ќерка на школо и ја видела Ивана како спие на каучот, но кога се вратила два часа подоцна, таа не била тука. Луна претпоставила дека Ивана заминала поради работни обврски кои ги спомнала претходно.
Таа додава дека потоа легнала покрај сопругот и оти ги разбудила полицијата во 3 часот.
Вратата во станот била отклучена па полицијата лесно стигнала до сопружниците, кои се појавија на суд поради обвинение за наркотици, но биле ослободени од било какво учество во смртта на Смит.
– Лут сум и не можам да ја прифатам смртта на мојата ќерка. Зошто умре? Ќе биде моја мисија да дознаам кој го стори ова и да се потрудам да добијат доживотна робија или смртна казна, изјави таткото на Ивана, Марсел, додавајќи дека неговата ќерка изгледала среќно додека се допишувала со нејзиното момче Лукас Крамер од станот на Џонсон.
Се верува дека по допишувањето, Луна му се јавила на момчето на Ивана да ја увери дека таа е добро и дека ќе остане во станот.
Таа испратила и фотографија, за која постои сомневање бидејќи биле користена терминологија која што тинејџерката не ја користела.
– На фотографијата очите на Ивана изгледаат уморно, како да е пијана или издрогирана, а Луна се смее. Таа направила селфи и го испрати. Има многу прашања кои Џонсон треба да ги одговорат. Сакаме да знаеме што ѝ направиле и како е можно така да умре, вели таткото.
Полицијата смета дека девојката паднала околу 10 часот утрото, а телото е пронајдено околу 3 попладне. Во нејзиниот организам биле пронајдени траги на екстази и алкохол, како и кокаин.
Семејството на тинејџерката наведува дека во пребарувањето на станот не бил пронајден долниот веш на Смит, а тие како и нејзиниот дечко сметаат дека нешто не е како што треба.
Во својата изјава, момчето Лукас објаснува дека ивана му се јавила дека ќе излезе со пријателките и дека ќе се задржи само неколку часа, по што отишол на вежбање и си легнал. Кога се разбудил утрото таа не била тука.
– Ѝ ѕвонав и таа одма се јави. Звучеше во ред, звучеше добро. Рече дека тоа била долга ноќ и дека е кај другарка. Не спомна никакво машко. Рече дека ќе се одмори и наспие, а јас не размислував премногу бидејќи ми спомна дека има работа тој ден и дека ќе излезе со колешките. Подоцна ми се јави Луна од телефонот на Ивана, се претстави и ми рече дека биле заедно. Кога заминав на работа ми стигна селфи на кое што се тие две, но изгледа дека Луна сликала со телефонот на Ивана. Сепак, ни текстот на сликата не е типичен за Ивана. Таа сосем поинаку се изразува, раскажува Лукас.
Тој изјави дека не знаел дека Ивана некогаш користела наркотици, дека заедно оделе во теретана и дека водела здрав и активен живот.
– Не можам да прифатам дека е самоуибство. Лут сум, ова што се случи нема врска со девојката која ја познавам, вели Лукас кој додава дека откако дознал за смртта добил пораки од пријателите на Џонсон дека таа сакале да му раскине.
Извор: А1.Он