Вебкафе

Мистериозен објект – „ловци на вонземјани“ убедени дека станува збор за вселенски брод

„Ловците на вонземјани“ кои редовно хараат на интернет, убедени се дека мистериозниот објект кој е забележан на Google Earth е срушен вселенски брод, пренесува Daily Mail.

Необични траги во снегот

Неидентификуваниот објект е откриен близу Антарктикот, на оддалечениот остров Јужна Џорџија, во јужните води од Атлантикот, кој има само 20 жители.

Веб-теоретичарите на заговори од познатиот канал за вонземјани, Secureteamo10, користеа сателитско мапирање за да го зумираат и подобро да го погледнат наводниот вселенски брод, кој се наоѓа покрај 3.000 метри високата планина Пегет.

Зад објектот можат да се видат траги во снегот, кои сугерираат дека истиот изминал одредена дистанца пред да запре на местото каде што е лоциран во моментов. Снимката од необичниот објект е објавена во саботата, а досега е прегледана над 2,2 милиони пати.

Не се сите сериозни

И додека некои се убедени дека станува збор за вонземјани, многумина велат дека се работи за обично парче карпа или мраз, откршено од блискиот глечер.

Но, не сите ова видео го сфатија сериозно, па има и коментари од типот дека „тоа е санката од Дедо Мраз“. Инаку, членовите на Secureteamo10 се опишуваат како „најбрзо растечки извор на податоци“ за вонземјани и НЛО. Тимот вели дека нивната мисија е разоткривање на прикривањето на вонземјаните.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top