Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мистериозниот феномен кој се случува под африканскиот континент не само што ги интригира, туку и ги загрижува научниците на планетата Земја.
Магнетното поле на Земјата е во состојба на драматично ослабување, а според новото научно истражување во таа насока, овој феномен е дел од шаблон кој трае над 1000 години.
Магнетното поле не ни ги дава само северниот и јужниот пол, туку и нè заштитува од соларните ветришта и космичката радијација, а сега тоа нагло ослабува до точка каде научниците сметаат дека би можело и да се преврти, притоа превртувајќи ги и нашите магнетни полови.
Колку и да звучи лудо, ова се случува по одредени долги периоди, а последен пат се имало случено пред 780.000 години, а уште еднаш дошло блиску до тоа пред 40 000 години.
Кога настанува превртувањето на поларитетот тоа не е брзо туку трае стотици години, а сега засега никој не знае дали тоа е неизбежно бидејќи не постојат цврсти докази.
Регионот кој најмногу ги загрижува научниците во моментов е наречен Јужно-Атланска Аномалија – поточно, огромно пространство од теренот кој се протега од Чиле до Зимбабве. Тука магнетното поле е толку слабо да е ризично за Земјините сателити да навлезат во него, бидејќи радијацијата би можела да им ја оштети електрониката.
Една од причините поради која научниците не знаат премногу за магнетната историја на овој регион е недостаток на она што се нарекува археомагнетни податоци – физички докази за магнетизмот од минатото на Земјата, сочувани во археолошки реликвии од минатите векови.
Еден таков период припаѓал на група антички Африканци кои живееле во долината на реката Лимпопо, кој денес припаѓа на аномалијата.
Пред околу 1000 години, за време на сушите, тие ги палеле нивните глинени колиби и кантите за жито, во свето прочистување за да повторно ги предизвикаат дождовите – притоа не знаејќи дека вршат еден вид подготвителна научна теренска работа за истражувачите со векови подоцна.
Кога глината се гори на високи температури се стабилизираат магнетните минерали, а откога ќе се излади таа ги сочувува податоците врзани со магнетното поле на Земјата. На тој начин биле пронајдени и докази дека вакви аномалии се случувале во минатото и тоа во 400-450 п.н.е, 700-750 п.н.е, и 1225-1550 п.н.е.
Тоа значи дека има сè посилни докази дека нешто невообичаено се случува на границата помеѓу јадрото и мантијата (плаштот) на Земјата под Африка, што има значително влијание на глобалното магнетно поле.
Моменталното негово ослабување трае веќе 160 години и се смета дека е предизвикано од голем резервоар на густи карпи на 29000км. длабочина под африканскиот континент, стар десетици милиони години.
Овој регион се наоѓа помеѓу врелото течно железо на надворешното јадро на Земјата и постудениот плашт, и на некој начин го нарушува железото кое помага за генерирање на земјиното магнетно поле.
Потребни се уште многу истражувања за да точно се дознае што се случува таму и сè уште е рано да се тврди со сигурност дека оваа ситуација ќе доведе до превртување на магнетните полови на Земјата.