Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражните органи ја прогласија смртт на славната холивудска актерка за сомнителна, која се удави пред 37 години.
Натали Вуд во 1981 година почина од давење, а нејзиниот поранешен сопруг, денес 87-годишниот актер, Роберт Вагнер, е прогласен за „личност од интерес“, соопштиле официјални лица од полицијата во Лос Анџелес.
Речиси четири децении мистерија и шпекулации ја опкружуваа смртта на актерката номинирана за три Оскари.
Натали Вуд кобниот викенд била на јахта со Вагнер, актерот Кристофер Вокен и капетанот на бродот.
Телото на 43 годишната актерка е пронајдено како плови во водите кај островот Каталин, јужна Калифорнија. Се наведува дека актерката заедно во Вагнер и Вокен многу пиеле таа вечер, само неколку часа пред таа да исчезне.
Истражителите прво заклучиле дека се работи за несреќа, но случајот повторно е отворен во 2011 година кога капетанот на јахтата изјавил дека слушнал како Натали и Роберт се расправале таа вечер.
Следната година како причина за нејзината смрт било наведено „давење и други неодредени фактори“.
Портпаролката на шефирот во Лос Анџелес вчера изјавила дека испрашани се нови сведоци и дека нивните изјави „отсликуваат нов развој на настаните на бродот таа ноќ“.
-Еден од сведоците опиша дека слушнал и звуци на кршење на работи од бродската соба во која бил сместен актерскиот пар. Кусо по тоа, други сведоци слушнале расправија меѓу маж и жена во позадина на бродот и веруваат дека гласови биле на Натали и Вагнер, вели портпаролката.
Нивните изјави се разликуваат од првичните верзии за случувањата кои ги опишаа сведоците, вклучително и оние на бродот.
„Вагнер сега се смета за личност од интерес. Дали имаме доволно докази да го упасиме? Не“, рекла таа.
Вагнер не е испрашуван од полицијата откако случајот е повторно отворен во 2011 година. Истражителите велат дека се обиделе во 2013 да го испрашаат околу 10 пати, но секогаш ги одбивал. Вагнер претходно негирал било каква вмешаност во смртта на својата жена. Против него не е поднесено никакво обвинение. Во своите мемоари во 2008 година напишал дека таа ноќ се расправале тој и Вокен.
„Вокен отиде во кревет, а јас останав буден уште некое време. Кога тргнав на спиење забележав дека ја нема мојата сопруга ниту чамецот кој беше врзан за јахтата“, навел Вагнер.