Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мистериозни дрвени бродови полни со костури се приближуваат кон брегот на Јапонија.
Во коските од рацете на еден од скелетите биле пронајдени банкноти од валутата на Северна Кореја. Јапонските власти уште го истражуваат случајот со мистериозните бродови и од каде стигнуваат овие неидентификувани пловни објекти.
На еден брод се пронајдени костури од тројца мажи, а интересно е што ова не е прв случај во последните неколку седмици. Иако уште не се знае од каде стигнуваат бродовите со човечки костури, експертите ја сомничат Северна Кореја.
Минатиот четврток јапонската крајбрежна стража на брегот извлече брод во близина на островот Хокаидо, а на него имало десет мажи од Северна Кореја кои изјавиле дека се сокриле кај островот поради лошото време.
Јапонските власти најавија засилено обезбедување со цел ваквите сомнителни пристигнувања на бродовите да се спречат во иднина.