Актуелно

Мисовски, Мемеди и Ременски потпретседатели на Собранието на Македонија

На вчерашната собраниска седница, пратениците Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди едногласно беа избрани за потпретседатели на Собранието на Република Македонија.

Нивниот избор помина без дискусија и се гласаше за сите поединечно. Сите тројца беа избрани со по 61 глас „За“ и еден „Воздржан“ без ниту еден глас „Против“.

На седницата на Собранието не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top