Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инстаграм инфлуенсерката Алесија Кафелникова на својот профил објави видео на кое позира гола качена на слон кој испадна дека бил загрозен вид, поради што предизвика револт и лутина кај нејзините бројни следбеници.
Веднаш по објавувањето, за „The Sun“ изјава даде портпаролот на здружението „ Save the Asian Elephants “, кој не ја криел одвратноста од нејзиното однесување.
„Снимена е на азиски слон и токму овој вид на слонови постојано се бори за да преживее затоа што брутално се експлоатира за туризам и забава. Save the Asian Elephants законски се залагаат за забрана за рекламирање и продажба на неетички места каде што овие специјални суштества се комерцијализираат и злоупотребуваат “, изјави портпаролот.
View this post on Instagram
После голем број негативни коментари, Кафелникова објавила уште една фотографија со слон.
„Сакам слонови и го сакам Бали. Тоа беше приватна фотографија, немав намера да ги повредувам чувствата на локалното население. Ја сакам тамошната култура и ги почитувам правилата на Индонезија. Жал ми е ако видовте нешто негативно во ова. Јас сакав да покажам дека ги сакам и почитувам животните, а особено слоновите, повеќе од сè “, објавила таа.