Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарката и тв водителка Ивона Талевска, која е обвинета за милионско затајување на данок, пред пет месеци ја призна вина по тоа обвинение, за вчера, на Јавна седница во Апелациониот суд, да се премисли и да негира каква и да било вина за делото за коешто беше осудена во предметот наречен „Тифани“.
„Јас и ден денеска не чувствувам вина, но поради медиумската хајка, која што трае повеќе од една година, сметав дека признание на вина е најдобро решение. И пред пресудата, јас веќе бев осудена поради јавните и медиумските притисоци, но и од социјалните мрежи. Не сум задоволна со условната казна. Јас сум осудена и со условна казна“ – вели Талевска.
Денешната јавна седница на Апелациониот суд во Скопје, а по поднесени жалби, како на осудената и на нејзините адвокатки, така и на Специјалното јавно обвинителство, може да се подведе под поимот „комплетен пресврт“, бидејќи и Талевска и нејзините правни застапнички излегоа со став дека таа е невина и неправедно осудена.
Одбраната на Талевска час тврдеше дека таа била осудена по „јавен медиумски линч“, час дека за неа не се водела постапка за даночно затајување, туку му се судело на „ликот и делото на Ивона Талевска“.
Одбраната на Талевска се обиде да докаже дека во случајот со даночното затајување имало и застарување на кривичното дело, но и тоа дека имало вулгаризирање на приватноста и интимата на Талевска, со јасна алузија на нејзиниот долен веш од 500 евра.
Тврдењата на Талевска и на нејзините адвокати се неприфатливи за јавниот обвинител, Стефчо Донев од СЈО, кој рече дека признание на вина било избор на сега осудената, но и тоа дека признанието не е дадено под притисок.
Ивона Талевска, за затајување на данок по неколку основи и како физичко лице, но и како сопственичка на фирмите „Смарт центар“ и „Смарт груп“, на 19. февруари оваа година, беше осудена на казна затвор во траење од две години кој нема да го издржи доколку во следните четири години не стори ново кривично дело. Со пресудата таа е обврзана да го врати целиот износ, осносно повеќе од 3,5 милиони денари.