Мислат дека му е внука: Таа има 19 години, а нејзиниот избраник 62


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американската Саманта Симпсон има само 19 години, а се омажи за 43 години постар маж. За него луѓето, кога ќе ги видат, мислат дека е нејзин дедо, а не љубовен партнер.

Саманта истакнува дека наишла на многу проблеми поради нивната врска. Но, вели дека не сака да се откаже од љубовта на својот живот поради тоа.

Нејзиниот 62-годишен избраник не чекаше многу за да ја побара за сопруга, откако се запознаа минатата година преку заеднички пријател. После кратко времре поминато во врска, тие сега се венчан пар.

Саманта имала проблеми и со семејството поради нејзиниот избраник. Луѓето често ги навредувале, а тие само сакаат да ги сфатат сериозно и да прифатат дека се среќни заедно.

„Кога го запознав, паднав на неговиот изглед и џентлменство. Беше многу посериозен од мажите со кои сум се дружела дотогаш“, вели Саманта.

Истакнува дека живеењето со Џ.Р. е многу поубаво отколку со било кој друг маж кој го запознала. Од првиот ден тој ја третирал како принцеза. Во брак се од 8 јануари, оваа година, а наскоро сакаат да имаат и дете.

„Среќна сум. Среќата ми ја нарушуваат само злобните коментари од луѓето кои не нè познаваат. Се надевам дека ќе престанат тогаш кога ќе добиеме бебе. Ќе се чувствуваме исполнети кога крај себе ќе имаме и бебе“, вели Саманта.