Мишел Обама објавува мемоари со фотографии од приватниот живот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бишата прва дама на САД, Мишел Обама, ја откри насловната страна од нејзинта нова книга со мемоари под наслов „Becoming“ во која ќе се најдат и никогаш претходно објавени фотографии од нејзиниот приватен живот.

Обама ја сподели насловната фотографија од книгата на социјалните мрежи нагласувајќи дека процесот на пишување на оваа книга бил значаен за неа како еден вид на просветлување.

Мишел сподели и некои од фотографиите кои ќе се најдат во книгата, меѓу кои една од нејзиното детство и една од венчавката со Барак.

„Додека ја подготвувам книгата за објава оваа есен, се надевам дека ќе ја доживеете како своја приказна и дека ќе ви помогне во верувањето дека можете да станете тоа што ќе посакате. Вашата приказна е она кое го имате сега и што секогаш ќе го имате. #Becoming“, напиша Мишел на фотографијата.

„Со длабока искреност ги опишува триумфите и разочарувањата, јавните и приватните, и ни ја раскажува својата приказна која ја доживеала, со свои зборови и термини“, напишаа од издавачката куќа.

Книгата ќе биде објавена во ноември на 25 светски јазици. Милион копии ќе бидат донирани на непрофитната организација „First Book“.