Мишел и Барак Обама откачија на концертот од Бијонсе и Џеј Зи (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот претседателски пар Барак и Мишел Обама беа гости на концертот од Бијонсе и Џеј Зи во Ландовер. Поранешниот прв човек на САД и бившата прва дама целосно се опуштија, па и „откачија“ на музиката и песните од славниот музички пар.

И додека Бијонсе заводливо танцуваше на бината на хитот од Џеј Зи од 2011 година, “N**** in Paris”, публиката ги насочи своите смартфони кон VIP ложата, каде брачниот пар Обама направи свое шоу.

Сите беа воодушевени од нивното присуство и ги споделуваа снимките на социјалните мрежи.

„Wow! Претседателот Обама навистина е тука и го проживува најдобриот дел од животот на турена од Бијонсе и Џеј Зи“, „Ги видов Бијонсе и Обама заедно. Сега можам да умрам среќен“, „Не можам да верувам дека бев на исто место со претседателот Обама, Мишел Обама, Бијонсе и Џеј Зи“, твитаа обожавателите кои беа во близина на бившиот претседателски пар на концертот.

Брачните парови Обама и Картерс веќе со години се и блиски лични пријатели. Бијонсе пееше на инаугурацијата од Обама во 2009 и 2013 година, како и на роденденот од Мишел во 2014 година.