Мирна новогодишна ноќ без поголеми инциденти во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новогодишната ноќ низ цела Македонија помина мирно без поголеми нарушувања.. Ова е генералната оценка на полицијата која вчера привела 12 луѓе, а регистирани се 18 прекршоци на јавнот ред и мир, од кои најголем дел за физички пресметки.

Во текот на новогодишната ноќ се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, но за среќа без жртви. Ноќеска биле санкционирани и 90 алкохолизирани возачи, од кои 48 во Скопје.

До Службата за Итна медицинска помош синоќа пристигнале педесетина повици. Во најголем број се работело за случаи на алкохолизирани граѓани, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на новогодишната ноќ на скопската клиника за Токсикологија примени биле 17 алкохолизирани пациенти, од кои седум се тинејџери.

„Прегледани се над 20 пациенти, од кои 17 алкохолизирани, 10 мажи, 7 жени, Од нив 7 се малоклетници. Најмладиот е 16 годишен, а најстариот 62 години. Сè на сè граѓаните се придружиле на мерките за претпазливост за разлика од лани малку е зголемен бројот кога имаше 10 пациенти. “

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР. Апелираат до граѓаните да ги почитуааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.