Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Мирисот е едно од најмоќните и највлијателни човечки сетила, после она за вид. А тоа го знаат и гигантите во автомобилската индустрија, па не го одминуваат овој факт во создавањето на новите автомобили.
Секој што барем еднаш во животот седнал зад управувачот на „ганц“ нов автомобил, знае дека мирисот е моќно чувство. Мирисот на новиот автомобил е незаменлив и привлечен за скоро сите, па затоа не изненадува што сите производители внимаваат на мирисите на нивните производи. И додека Форд размислува како да го потисне мирисот на новиот автомобил, Ауди има посебен тим кој се занимава со сè што мириса во автомобилот.
Специјалниот тим за носеви е активен од 1985 година, а неговите членови имаат високо развиено чувство за мирис. Станува збор за научници кои ќе обезбедат дека секој дел од автомобилот мириса на начин како што треба, без оглед на надворешните влијанија.
Поради нив, ниту еден нов Audi не смрди, без разлика дали го оставате на Сонце или го вклучувате греењето во зима. Во исто време, експертите на Audi се свесни дека е невозможно да се произведе автомобил без мирис. Затоа, тие се стремат да користат материјали и хемикалии во производството што е можно по неутрални при создавањето мириси.
Хајко Ломан-Гигер е на чело на хемичарите на Ауди последните дваесет години. Тој вели дека искуството и удобноста на автомобилот е како пирамида, а основата е мирисот. Мирисот е еден од клучните фактори што ќе го натера клиентот на крајот да се одлучи за автомобилот, но за жал и поради што може да се откаже.
I don’t know who needs this, but… here’s some pictures of the Audi Nose Team hard at work. pic.twitter.com/zyiIjMHJN0
— Audi (@Audi) May 12, 2020
„На врвот на хиерархиската пирамида е задоволството на клиентите, а на дното мирисот како негова основа. Ако клиентот е иритиран од мирисот на автомобилот, тој нема да може точно да доживее други квалитети на автомобилот. Стресот предизвикан од смрдеата ќе преовладува”, објаснува Ломан-Гигер.
Експертите за оценување на мирисот на Audi користат скала од шест степени, од 1 без мирис до 6 за неподнослив. На пример, металот, стаклото и керамиката најчесто имаат оценка од 1. Сите други материјали мора да бидат под 4 за да го положат тестот.