Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Излезноста на гласачите во рамки на вториот гласачки круг од претседателските избори до 13 часот изнесува 20,73 проценти, што е нешто повисока од првиот круг во тоа време, кога беше 20,45 отсто. До ДИК не се пријавени неправилности. Набљудувачите оценуваат дека гласањето е мирно, а нотираат и помали нерегуларности, пренесува Слободна Европа.
Излезноста до 13 часот, според Државната изборна комисија, е 20, 73 отсто,тоа е процент од обработени околу 95 отсто од податоците од избирачките места. Во првиот изборен круг излезноста до 13 часот беше 20,45 отсто.
Највисока излезност од 39, 69 отсто има во Крива Паланка, потоа во Крушево 34, 33 отсто, во Кратово 33, 84 проценти, следуваат Гевгелија со 33, 07 отсто и Берово со 31, 53 проценти.
Најниска излезност има во Желино 4,22 отсто, потоа во Врапчиште 6,12 проценти и во Боговиње гласале 6, 21 проценти од гласачите.
Што се однесува до изборите на градоначалник, во Ново Село излезноста е 24, 26, а во Охрид 22 проценти.