Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синтија Никсон, актерката која го играше ликот на Миранда Хобс во хит серијата „Сексот и градот“ објави дека ќе се кандидира за гувернер на Њујорк.
Борбата против актуелниот гувернер, демократот Ендру Квомо, Никсон ја најави на Твитер. „Го сакам Њујорк и денес ја најавувам своајта кандидатура за гувернерка“, објави Никсон преку видео снимка.
Додаде дека таа е прогресивна активистка која се гандидира за гувернерската позиција во борба за подобар, порамноправен Њујорк. Во видеото кое го објави, изјави дека никогаш не сакала да живее на друго место, како и дека пораснала во едносавен стан со својата мајка.
I love New York, and today I’m announcing my candidacy for governor. Join us: https://t.co/9DwsxWW8xX pic.twitter.com/kYTvx6GZiD
— Cynthia Nixon (@CynthiaNixon) March 19, 2018
„Мисам дека на водечките позиции треба да бидат повеќе луѓе кои не се белци, повеќе жени и повеќе припадници на ЛГБТ популацијата“, изјави Никсон.
После завршувањето на популарната серија, Никсон се посвети на активизмот за правата на ЛГБТ заедницата, заговарајќи јавно образование и репродуктивни права. Таа ќе биде првата геј кандидатка за гувернер на една држава во САД.