Минстерство за транспорт: Има пари за Железници, но не можат да се исплатат додека трае штрајкот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерството за транспорт и врски во својот буџет има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но нема законска можност да ги исплати се додека претпријтието не работи, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски по денешната посета на Агенцијата за катастар на недвижности.

За да ги добијат парите МЖ транспорт и МЖ инфраструктура треба да работат. Се што ќе сработат во текот на месецот треба да го фактурираат до Министерството за транспорт и врски, а Министерството веднаш да ги исплати сите средства, бидејќи тоа се оперативни трошоци што ги покрива Владата. Се она што ќе биде профит и приход на претпријатието останува таму, но за да ги фактурира сите оперативни трошоци и загуби мора да работи, рече Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање.

Нагласи дека зарди 70 до 80 луѓе кои ја попречуваат работата нема можност Министерството да им ги додели срествата и појасни дека Владата на минатата седница додели и дополнителни 70 милиони денари за МЖ.

Та значи дека на месечно ниво МЖ транспорт директно ќе добива повеќе средства што ќе ги распоредува кон двете компании, но единствен услов е да почнат со работа. Министерството нема законски начин како да ги исплати парите ако некој не работи. Тоа ќе значи кршење на Буџетот и неосновано користење на средствата. Затоа ги повикувам вработените да се вратат на совите работни места и да почнат со работа. Средства има во Буџетот и сите ќе бидат исплатен, бидејќи се наменски и не може да се потрошат за ниту една друга активност, потенцира Мисајловски.

Денеска, како што рече, зборувал и со новиот директор на МЖ транспорт и со директорот на МЖ инфраструктура со кои барале решение како најбрзо вработените да ги земат сите заостанати средства.

Неопходно е вработените да започнат со работа, а ние како институции ќе им помогнеме, бидејќи тоа е наша обврска. Во Буџетот досега имаме најмногу средства токму за МЖ транспорт и МЖ инфраструктура, а доколку има потреба ќе гледаме да обезбедиме идополнителни. Но, во овој момент не може да се прави ребаланс и да се измени закон и затоа единствена можност е со постојниот анекс договор во вредност од 70 милиони денари да дополниме средства на месечно ниво, посочи Мисајловски.

Министерот за транспорт и врски потсети дека МЖ имаат договори за работа со многу компани и оти имаат можност за многу работа. Доколку, додаде, ги изработат договорите ќе имаат доста средства на располагање, но ако не работат дел од компаниите можат да поднесат тужби и да побараат надомест со што ќе нанесат голема штета на претпријатието и државата.

Тоа значи дека некој што нелегално прави штрајк ќе направи проблеми во работењето на целото претпријатие, огромна штета на државата и попречување на меѓународниот превоз…. Мислам дека во брзо време ќе најдеме решени со вработените, рече Мисајловски и нагласи дека Управата за железнички сообраќај веќе е излезена на терен и ги разгледува записниците од сите договори, по што ќе утврди колку од компаниите ќе поднесат жалби и ќе се знае колкава ќе биде штетата од штрајкот.