Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, на денешната пресконференција, изјави дека Министерството во наредниот период ќе работи на департизирање во неговите структури и ќе мора да се исчисти срамот од инцидентите во Собранието.
Спасовски попладнево на пресконференција соопшти дека го добил извештајот за настаните што се случија на 27 април на крвавиот четврток, пренесува Фокус.
Тој изјави дека извештајот прецизно, филигрантски ги детектира одговорностите за тоа што се случи во Собранието, но не соопшти никакви имиња бидејќи извештајот бил класифициран документ.
Овој орган, падна на испитот на 27 април, поради партизирање на раководните структури. Ова министерство мора да се департизира, да се ослободи за да работи и нормално да функционира. На граѓаните, им должиме да го исчистиме срамот кој се случи на 27 април. Имаме суспензии на повеќе од 20 луѓе, во тек е целокупна истрага за тој инцидент. До овој момент, немаме разрешување за било која од тие позиции, изјави Спасовски на денешната средба со медиумите.
Извештајот ги утврдува формално правните пропусти и откривање на систематските недоследности во Министерството и истиот ќе биде доставен до Јавното обвинителство.