Миновски: Мицкоски потпишувал договори во четири очи, Мицкоски – нека се извини, оти следи тужба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на државната ЕЛЕМ, Драган Миновски, упати обвинување кон лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, за потпишување на договори во четири очи за ископ на јаловина во РЕК Битола додека бил на директорската позиција во ЕЛЕМ.

Во непосредна спогодба потпишал два договори со фирмите „Пелистер“ и „Марковски во вредност од над 10 милиони евра. Токму овие договори биле предмет на внатрешна ревизија. Реакцијата на ЕЛЕМ следува откако опозицијата обвини дека битолската фирма „Пелистер“ е блиска до СДСМ и добила тенедер поради променети услови во спецификацијата.

„Споредбено по гига џул „Пелистер“ во моментов копа по 87,8 денари за гига џул додека во времето на Мицковски, „Пелистер“ копал по 96 денари за гига џул а „Марковски“ по 90 денари за гига џул. Ова е одговорот на нивните прозивки за цента по која сега се врши ископ во РЕК Битола. Еве какви договори во непосредна спогодба склучил лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и партијата која сега го прозива АД ЕЛЕМ“, вели Драган Миновски, директор на АД ЕЛЕМ.

Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по обвинувањата од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски на денешната прес-конференција.