Миног му го фрли назад вереничкиот прстен – ја изневерувал со актерка?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само неколку дена откако со голема возбуда говореа јавно за плановита за венчавка, Кајли Миног ја раскина свршувачката со британскиот актер Џошуа Сас.

Миног го исфрлила од својот стан во западен Лондон бидејќи станал премногу близок со шпанската актерка Марта Миланс. Пред тоа, имале неколку жестоки кавги. Парот е во врска од 2015 година. Миног го симна и свршеничкиот прстен од раката.

„Целосно е уништена и со скршено срце. Навистина веруваше дека тој е вистинскиот. Но, веќе не му верува“, изјави извор близок на актерката за британските медиуми.

Сас се зближил со Миланс додека ја снимале Тв серијата No Tomorrow во Канада минатата година. Извор кој присуствувал на сетовите изјавил дека сите знаеле оти тие двајца се доволно блиски.

Сето ова се случува три дена откако во интервју Кајли зборуваше за плановите за венчавка. Изјави дека сака да носи венчаница и дека ќе го земе неговото презиме бидејќи одлично звучи со нејзиното име.

„Не брзаме да го одбереме датумот. Уживаме во заедничкото време и прекрасно ни е. Нема притисок. Сите се среќни поради нас, а моите родители многу го сакаат“, рече Миног.

Џошула ѝ подари прстен изработен во 1908 година на кој сите се восхитуваа. Се верија во февруари минатата година.