Advertisements
Актуелно

Министрите на ДУИ ќе одговараат само на Ахмети, СДСМ се уште одлучува

Метлата се уште го чека коалицискиот договор. Статус кво на Илинденска на Ден по средбата Заев – Ахмети и месец дена по најавата на премиерот дека ќе чисти во својот кабинет.

Министрите на ДУИ и денеска повторуваат. Нас може да не смени само Ахмети

И додека СДСМ ја турка операцијата Метла, во ДУИ се готви нов закон за ветинг. Од партијата велат дека оваа процедура нема врска со метлата на Заев и дека има за цел да обезбеди кадри со чисто минато.
Од СДСМ и денеска повторуваат дека Премиерот ќе мете идниот месец и тоа не само во Владата туку и на Бихаќка. Кој ќе си замине а кој ќе остане од партијата велат дека ќе се знае тогаш кога Заев ќе донесе одлука.

Заев и Ахмети вчера седнаа на заедничка маса за да се договорат кои кадри ќе се најдат пред премиерската метла. По 90 минутната средба од Владата испратија соопштение дека лидерите ќе ги консултираат партиските органи по што повторно ќе се сретнат за финален договор.

Извор: Сител

Advertisements
To Top