Министерството за здравство ја отфрла информацијата за појава на западно-нилска треска!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По гласините дека во Македонија е забележано присуство на западно-нилска треска, Министерството за здравство јавно ги отфрли обвинувањата дека случај со вакво заболување бил забележан на инфективното одделение во Градската општа болница „8. септември“.

„Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено присуството на вирусот на западно-нилска треска. Пациентот, којшто се издвојува во прилог на една телевизија, бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ со симптоми на грип и висока температура. Но, испитувањата докажале дека не станува збор за западно-нилска треска. Истакнуваме дека ова е случај стар 3 недели и пациентот во меѓувреме е пуштен дома, без компликации по неговото здравје“ велат од министерството.

Од Министерството посочија и дека немаат намера да сокријат вакви информации, и порачаа сите граѓани да ја следат состојбата, за евентуална можна појава на овој вирус, како и на други вируси.