Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерството за финансии официјално ќе се обрати до Пејпал (PayPal) за да ја отпочне постапката за воведување на услугата прием на пари (receive) во Македонија преку овој платежен сервис PayPal.
Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку Пејпал.
Ова е заклучокот од вчерашната средна на претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за економија и информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија, заедно со потписниците на оваа иницијатива.
Основачот и косопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од фесјбук и твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на Пејпал како платежен сервис за продажните места во Македонија.