Home Актуелно Министерството цврсто на својот став: Југохром да забрза со поставување на филтрите

Министерството цврсто на својот став: Југохром да забрза со поставување на филтрите

Министерот за животна средина Башким Амети денеска го повика раководството на комбинатот Југохром од Јегуновце да го забрза процесот за поставување филтри со што ќе се исполнат условите овој производствен капацитет повторно да почне да работи.

Раководството на комбинатот мора најинтензивно и најбрзо да работи на поставување на филтрите за да може комбинатот да работи и вработените да се вратат на нивните работни места. Го охрабрувам раководството на комбинатот да изнајдат решение за барањето на вработените се до поставување на филтрите, рече Амети на прес-конференција.

На 2 ноември Југохром постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на крајот на минатиот месец.

Министерот Амети рече дека потполно ги разбира барањата и маките на работниците од Југохром кои денеска протестираа во Скопје, со барање за рестартирање на комбинатот, и посочи дека уште на почетокот потенцирале дека не било лесно да се донесе одлуката за затворање на комбинатот.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Амети рече дека одлуката за затворање на комбинатот, била конкретна мерка  за да се намали нивото на загадување на воздухот во Тетово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…