Министерство за транспорт: Таксистите нема да полагаат за сертификат по англиски јазик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Министерството за транспорт и врски најавија дека отпочнува процесот на подготовка на измените во Законот за превоз во патниот сообраќај.

Со измените, за кои во оваа фаза се прибрираат мислења на Единствениот регистар на прописи, се предвидува укинување на условот такси-превозниците задолжително да поседуваат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик.

Сегашниот закон предвидува превозникот, покрај останатите услови, да има и вработено авто-такси возачи во зависност од бројот на возила кои ги поседува, или минимум еден возач по возило и ти да поседуваат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик на ниво А1 или А2, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа.

„Целта на предлог-законот е бришење на условот за поседување на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 кој се однесува за авто – такси возачи“, пишува во образложението за предлог-законот. Според динамиката, законските измени се очекува да бидат изгласани по Нова година.