Министерство за правда предложило 48 лица за помилување – меѓу нив се Сеад Кочан и контроверзните Нинџа и Илиќ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од Министерството за правда до претседателот на државата доставиле список со 48, лица за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово…

За 45 лица се бара делумно помилување, а за тројца целосно помилување. Александар Василевски е осуден зa тероризам за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Сеад Кочан е на предлог-листата за помилување на затворската казна од шест месеци по предлог на затворската управа на Идризово. Кочан беше осуден на 6 години затвор, бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола” на АД ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра. Апелација му ја намали казната на 4 години и 8 месеци затвор.

„Бобан Илиќ е човекот кој го уби 4-годишниот Алмир, случај за кој со години известувавме дека одлучува политиката, а не судството. Инаку, таткото на Бобан е член на СДСМ“, пишува новинарот на Алсат Фуркан Салиу.

Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во кабинетот на претседателот на државата.