Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со поглаварите на верските заедници: г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква Охридска архиепископија, Хаџи Сулејман еф. Реџепи, поглавар на Исламската верска заедница, Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов, Емил Заев, претседател на Евангелско методистичката црква и Берта Романо- Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Македонија, соопшти МВР.
Претставниците на верските заедници се заблагодарија на иницијативата на министерот Спасовски за одржување на ваква средба, потенцирајќи дека ова е прва ваква средба со министер за внатрешни работи и дека средби од ваков тип се потребни и во иднина за да се реагира заеднички при евентуалните обиди за злоупотреба на религијата.
Министерот Спасовски нагласи дека полицијата, во рамки на своите законски надлежности, безусловно ќе ги спречи сите обиди за поттикнување на верска омраза и нетрпеливост, спротиставувајќи се на сите облици на екстремизам.
Невообичаено на средбата беше што при поздравувањето, министерот Оливер Спасовски му бакна рака на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.